Упаднале во британскиот парламент и се залепиле за претседателското столче

од Nikola Popovski
134 прегледи

Лондонската полиција уапси шест лица откако членовите на климатското движење „Extinction Rebellion“ денеска упаднаа во салата за седници на Долниот дом на британскиот парламент и се залепија со супер лепак за столчето на спикерот, објави групата на својот профил на Твитер.

Четворица демонстранти кои беа во Домот се однесени и уапсени, а претседателското столче не е оштетено, наведува Ројтерс.

Уапсени се и останатите двајца, едниот кој се качи на скелето пред парламентот и другиот кој се залепи за тротоарот во просториите на Собранието.

Пред тоа климатската група објави фотографија од пет лица кои држат транспаренти во салата со натписи „Народот нека одлучи“ и „Граѓанско собрание – сега“.

Групата закачила и голем транспарент со истите пораки на скелето подигнато околу зградата на парламентот поради работите, а демонстрантите исто така се заклучиле со катанци на портата надвор од зградата.

Британскиот парламент извесно време не заседаваше.

Некои делови од парламентот обично се отворени за јавноста, но пристапот до салите за состаноци е забранет.

Групата „Extinction Rebellion“ главно протестира против климатските промени.

Фото: REUTERS/Peter Nicholls

Слични содржини