Управниот суд донесе времена мерка за суспендирање на одлуката на министерката за труд и социјална политика Фросина Ременски за разрешување на директорите на центрите за социјална работа и јавните установи.
Таа сега ќе треба да ги врати сите 15 разрешени директори, а новите в.д. директори ќе треба да чекаат на правосилната одлука по тужбата.
Министерката Ременски за време на новогодишните празници разреши 15 директори на центри за социјална работа и други јавни установи и веднаш назначи 15 нови в.д. директори, на што тужба до Управен суд за незаконско постапување поднесе дополнителниот заменик министер, Диме Спасов,
Ременски тврдеше дека разрешувањето е законско и дека не е во корист на партиските интереси.