314
Можноста прави крадец, за што сведочи случајот кој доаѓа од Шарлот, град во Северна Каролина, САД. Имено, Даглас Рајт, 27-годишен менаџер на магацин на „Амазон“, се изјаснил за виновен за кражба на стока вредна над 273.000 долари.
Според соопштението на американското Министерство за правда, помеѓу јуни 2020 година и септември 2021 година, Рајт ја искористил својата позиција во складиштето на „Амазон“ за да украде големи количини компјутерски компоненти како хард дискови, процесори и графички картички.
Рајт откри дека по кражбата, ја испратил робата дома и ја продал на големо на компјутерска компанија во Калифорнија. Според Министерството за правда, на 27-годишникот му се заканува казна затвор до 20 години и парична казна од 250.000 долари.