Управниот одбор на IAEA го поддржа реизборот на директорот Гроси

од Stefanija Kuzmanovska
157 прегледи

Управниот одбор на Надзорното тело на Обединетите нации за нуклеарна енергија, кој го сочинуваат 35 управници, денеска го поддржа реизборот на директорот Рафаел Гроси, на кој ова ќе му биде четврти мандат на чело на Меѓународната агенција за атомска енергија (IAEA), соопштија дипломатите по средба зад затворени врати.

Управниот одбор на IAEA го одобри неговиот реизбор со акламација, што значи дека не се одржа гласање и ниту една земја не изрази противење, додаваат дипломатите, пренесе „Ројтерс“.

Одлуката сега мора да биде одобрена на генералната конференција на IAEA, годишниот состанок на сите членки на организацијата што ќе се одржи наесен.

Слични содржини