Човечка грешка, така накратко компанијата „Џонсон и Џонсон“ го опишува катастрофалниот инцидент во фабриката во Балтимор поради кој беа уништени 15 милиони дози вакцини.
Според компанијата, инцидентот во фабриката BioSolutions во Балтимор не го загрозил производството на вакцината на „АстраЗенека“, која исто така се прави во таа фабрика.
Овој инцидент, како што е наведено, значително ќе ја забави имунизацијата во САД, истакнувајќи дека станува збор за производство на идни дози на вакцини.
Инцидентот бил пријавен и до ФДА, која спроведува своја истрага.