Ураганот Никол ја погоди Флорида, наредена евакуација

од Stefanija Kuzmanovska
198 прегледи

Ураганот Никол денеска го погоди источниот брег на Флорида, јужно од Веро Бич, објави американскиот Национален центар за урагани (NHC).

Поради ураганот затворени се аеродромите и забавните паркови, а наредена е евакуација, во која меѓу другото е вклучен и клубот Мар-а-Лаго во сопственост на поранешниот американски претседател Доналд Трамп, пренесува АП.

Даниел Браун, виш специјалист за урагани во Националниот центар за урагани со седиште во Мајами, рече дека бурата ќе влијае на голем дел од државата.

Слични содржини