УРНЕБЕСНО – Еве како беше наместена Златната бубамара за „Коза ностра“

од Vladimir Zorba
111 прегледи
Одлично издание на наградениот сајт,Коза Ностра во аудио-верзија. Договорено – идната година наградата за Курир!
anon1

Сатиричниот вебсајт Коза Ностра, кој ја  доби Златна Бубамара за најпопуларна веб страна, и предизвика лавина од позитивни коментари за „настапот“ на сцената во Универзална сала, денеска во свој стил, се пошегува со добивањето на самата награда. Еве што беше објавено денеска на сајтот:

Ние сме вистинските Македонски Анонимуси, а не тие лузерите од Коза Ностра што глумеа на Златна Бубамара.

Затоа им го хакиравме сајтот и објавуваме ексклузивна снимка од разговор на Горде со уредништвото на Коза ностра, на која се дознава како била местена наградата Златна Бубамара на популарноста за оваа веб-страна.

 Го објавуваме снимениот разговор во целост!