УРНЕБЕСНО ВИДЕО: Крадци бегајќи доживеале незгода, потоа биле уапсени

од Stefanija Kuzmanovska
251 прегледи

Во југоисточната бразилска држава Сао Паоло, надзорна камера на бензинска пумпа го снимила моментот кога двајца крадци паднале во механичарски канал.

Во понеделникот, осомничените стигнале до бензинската пумпа во Аламбара да наточат бензин и ја ограбиле бензинската пумпа, јавуваат локалните медиуми.

На снимката од надзорната камера се гледа како еден од крадците вади пари од касата и ги става во торба.

Крадците потоа се качиле на моторот и почнале да бегаат, за по само неколку метри да паднат во дупка за менување на уље на автомобил.

Некако успеале да го извадат моторот од каналот, но потоа налетале на канал покрај патот и паднале во него. Полицијата потоа ги уапсила.

Слични содржини