Урсула фон дер Лејен: До крајот на годината ќе запреме 90 отсто од увозот на нафта од Русија

од Stefanija Kuzmanovska
256 прегледи

Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лејен го поздрави договорот на Европскиот совет за санкции за руската нафта.

„Ова ефективно ќе прекине околу 90 отсто од увозот на нафта на Русија во ЕУ до крајот на годината“, напиша Фон дер Лејен синоќа на Твитер.

Претседателката на Европската комисија наведува и дека планот за што поскоро ставање крај на зависноста на ЕУ од рускиот гас се потпира на четири столба.

Финансирањето на обновата на Украина ќе биде придружено со системски реформи

ЕУ планира во иднина да ја финансира обновата на Украина, но тоа треба да биде придружено со реформи во оваа земја, изјави синоќа Урсула фон дер Лејен на прес-конференција по Самитот на ЕУ, пренесува ТАСС.

Лидерите на 27-те земји-членки на ЕУ на состанокот во Брисел разговараа за ситуацијата во Украина, но и за шестиот пакет санкции, кој вклучува ембарго за увоз на нафта од Русија, а претседателот на Европскиот совет, Шарл Мишел, непосредно пред полноќ објави дека е постигнат договор за забрана за увоз на руска нафта.

Слични содржини