УСЈЕ се приклучи на глобалната иницијатива „Час на планетата земја 2023“

од Vladimir Zorba
190 прегледи

Повеќе од една деценија, Цементарница УСЈЕ е дел од глобалната иницијатива „Часот на планетата земја“. Во сабота, 25 март 2023 година, од 20:30 часот до 21:30 часот, УСЈЕ ќе ги исклучи мелниците за цемент од електрично напојување, со што ќе заштеди 3 MWh електрична енергија. На тој начин УСЈЕ директно ќе придонесе за намалување на стакленичките гасови во атмосферата, кои се и главна причина за глобалното затоплување и климатските промени. Инаку, со исклучување на мелниците за цемент компанијата ќе заштеди електрична енегија која просечно ја задоволува потрошувачката на околу 1000 домови или околу 20.000 улични светилки.

Во годинешната иницијатива „Часот на планетата земја“ која се одвива под мотото „Исклучи – дај час на планетата“ покрај со исклучување на мелницата за цемент, која е еден од најголемите потрошувачи на електрична енегија во УЈСЕ, компанијата ќе ги исклучи од електрично напојување и другите погони. Истовремено, УСЈЕ ги повика и своите вработени да се приклучат кон „Часот на планетата земја“ во своите домови и заедно со своите семејства да дадат поголема поддршка на оваа значајна глобална иницијатива.

УСЈЕ во сите сегменти од своето работење применува високи стандарди кои се во склад со животната средина и со интересите на заедницата. Само во акциите за пошумување, од 1998 година до сега, компанијата има засадено над 364.000 дрвја на различни локации. Покрај деловните активности компанијата, заедно со своите партнери од локалната, но и од пошироката заедница, во континуитет реализира бројни општесрвено одговорни проекти. Компанијата сите свои активности ги извршува преку транспаретен процес, во постојана и отворена комуникација со сите свои партнери.

УСЈЕ е член на договорот „Глобал Компакт“ на Обединетите Нации. Со потпишување на овој договор, компанијата се обврза континуирано да ги почитува десетте клучни принципи за добро корпоративно управување, меѓу кои е и заштитата на животната средина. Дополнително, УСЈЕ постојано поттикнува и спроведува бројни општествено одговорни иницијативи во областа на животната средина, а ќе продолжи во таа насока и во иднина.

Слични содржини