US експерт: Русија може да ги претвори американските носачи на авиони во гробници

од desk3
181 прегледи

Најновиот американски носач на авиони “Џералд Форд”, чие пуштање на вода е предвидено во текот на 2016 година, може да остари уште во моментот во кој биде предаден на морнарицата, пишува воениот аналитичар Хари Казианис во The National Interest, цитиран од Евроком.

Авторот објаснува дека “Џералд Форд” е главниот брод во истоимениот проект, кој треба да го замени во американската морнарица носачот на авиони од типот “Нимиц”. Од Пентагон велат дека експлоатацијата на новите бродови ќе е со 4 милијарди $ поевтина благодарение на малубројниoт екипаж.

Image_5302368_407

Двата нуклеарни реактори на 337-метарскиот брод произведуваат 25 проценти повеќе енергија отколку енергетските блокови на претходниците. Енергетските резерви овозможуваат на авионите побрзо да го полнат катапултот, кој им овозможува на авионите да полетуваат од палубата.

“Џералд Форд” ќе носи 75 авиони повеќе во споредба со “Нимиц” и се очекува да биде на оружје во следните 50 години. Во 2014 започна изградбата на вториот брод од проектот, во 2018 треба да започне изработката на третиот. Трите носачи ќе чинат околу 42 милијарди долари.

Но според Казианис новите технологии и многу милијардните инвестиции ќе се покажат немоќни пред воените технологии на Русија.

“Оваа голема земја која Пентагон ја смета за главен предизвик пред вооружените сили на САД, развива ракетни системи со голем дострел кои можат да нанесуваат удари од неколку земји истовремено, пишува аналитичарот. Таквото оружје, во комбинација со можности за откривање на цели во океанот, може да го претвори носачот на авиони од неколку милијарди долари во гробници “, пишува Казианис.

Тој додава дека по Втората светска војна поморската стратегија на САД се базира на групи од носачи на авиони, кои се во состојба да водат ефикасни борби далеку од брегот на САД. Вашингтон има 10 носачи, 6-7 од нив се во постојано дежурство, останатите се поправаат, но се исто така достапни.

Руските воени технологии приоритетно се ориентирани кон уништување на американските носачи на авиони. За таа цел е создаден ракетоносител Ту-22М3. Се одликува со суперсонични крстосувачки проектили со голем дострел Х-22. Една таква ракета може да го уништи било кој американски носач на авиони, а Ту-22 носи три ракети со нуклеарен полнеж.

Суперсоничните притовбродски ракети П-800 “Оникс”, вооружени со комплексот “Бастион “, дејствуваат онака како што опишува Казианис.

При лансирашкиот оган тие ги напаѓаат објектите од различни земји, како што порано ги распределиле целите. При почетокот “Оникс” се издига на голема височина и ги бара програмираните цели. Ракетата нема потреба од прецизни насоки – доволно е да и ‘бидат доставени објектите за уништување.

Наоѓајќиј а целта, ракетата го исклучува радарот и се доближува на 5-10 метри над површината, развивајќи брзина до 3.000 километри на час. Во режим на скириеност откривањето на ракетата е невозможно. Откако е погодена главната цел, останалине ракети автоматски се ресетираат кон други цели.

“Оникс” делува на принципот “еден брод – една ракета”, но во случајот тие се три, за да се обезбеди успешен удар.

Носачите на авиони се главна цел и на други типови руски ракети, истрела од земја, од воздух или од подморници. Разбирајќи го тоа, Американците се обидуваат да ги заштитат своите бродови преку системот Aegis, нешто како поморски интернет.

Според замислата на креаторите на системот, непријателските проектили треба да бидат идентификувани на големо растојание од целите и да се отстранат од најблиските бродови. Само што радарите на Aegis се слепи на мали височини, на кои летаат “Оникс” и други руски ракети.

Друга слабост на системот кој се покажа во април 2014 година, е рускиот авион Су-24. Се приближи кон американскиот брод “Доналд Кук”, кој се наоѓаше во Црното Море,а рускиот авион успеа да навлезе во системот Aegis и да го совлада заедно со мрежата за управување. Од сите прибори на бродот недопрен остана само магнетниот компас.