“Патот на свилата” на Кина кон Европа минува низ Русија. И ЕУ и САD, сакаат или не сакаат, ќе треба да се свртat кон Русија и Азија i da почнат да играат по нови правила. Ова го тврди Роналд Холанд – американски финансиер и претседател на инвестициska фирма.

ЕU не е во можност да реши ниту еден проблем на земјите-членки. Затоа е логично да се обрне на исток кон богатата со енергетски ресурси Русија и развојната Кина. Новиот кинески “свилен пат” е евроазиски копнен мост, опремен со растечка инфраструктура од автопатишта, нафтоводи и железници, која ќе ја соедини заедно Кина, Централна Азија, Русија и Европа. Сето ова е посебна можност за инвестициите во 21 век.
На осакатените, неодржливите и неразвиените економии на Јужна и Источна Европа сега им треба значително финансирање за обновување на конкурентноста и економскиот раст. Така тие ќе можат да ги избегнат превирањата на државниот долг, невработеноста и постојаните рецесии.
Но и Европа и САД умеат само да позајмуваат пари и да ја одлагаат отплатата на обврските, додека на кредитниот пазар не се појави бран на незадоволство. Порано или подоцна тоа доведува до економска смрт, сега воздржана само од контролирани или изманипулирани пазари.
Доминацијата на американскиот долар и економската супериорност на САД се приближува кон крајот, додека Азија се повеќе цврсто ги зајакнува позициите. Путин и Кина се подготвени да го преобратат светот од униполарен, управуван од Вашингтон, во мултиполарен.
Претставниците на Вашингтон и Волстрит чувствуваат приближувањето на новите времиња. Затоа Америка води таква агресивна меѓународно политика во однос на богати со нафта и енергиетски региони и ја валидира својата власт со воената моќ.
По падот на Римската империја ,Венеција преку трговијата со Азија ја довела темната Европа до ренесансата. Сега Европа може да излезе на новото квалитативно ниво преку Патот на свилата. Се прашуваме сепак кој ќе биде новиот Марко Поло?