УСБ уништува лаптоп за неколку секунди

од Vladimir Zorba
99 прегледи
Веројатно секој од нас има слушнато или прочитано многу совети поврзани со тоа дека треба да бидете исклучително внимателни кога поврзувате УСБ уреди на лаптоп или компјутер. Причината е дека така многу лесно можете да добиете вирус, а во моментов има премногу софтверски пропусти во безбедноста, кои можат да ја оштетат сериозно вашата машина. УСБ Килер е името на новиот производ, кој дефинитивно ќе ве натера да обрнете посериозно внимание на овој проблем, велат од СлешГир.puerto_usb
На прв поглед се чини како стандарден УСБ флеш драјв, но е дизајниран за да го уништи вашиот лаптоп или персонален компјутер. Идејата на креаторот е откако ќе го поврзете, уредот да испрати електрична енергија со висок напон во УСБ портата и буквално да го изгори хард дискот и другите хардверски компоненти. На овој начин само за неколку секунди, уредот може да нанесе непоправлива штета на компјутерот.
УСБ Килер е одличен пример за тоа колку внимателни треба да бидеме кога поврзуваме непознати уреди на својот уред. Треба да се истакне дека концептот за сличен производ не е нов и хакерите во минатото многу пати користеле слични методи.