Уште десеттина дена: Во последниот воз се исплаќа К-15

365 прегледи

За десеттина дена изминува рокот за исплата на К-15, односно регресот за одмор. Ова е годишна обврска на сите работодавачи и истата треба да се исплати заклучно со последниот ден од календарската година.

На овој регрес за одмор право имааѕ вработените во приватниот сектор, кои кај работодавците работата непрекинато во рок од шест месеци во една календарска година.

Инаку, минималниот износ законски треба да изнесува најмалку 40 % од висината на просечната нето плата, а најмногу 40% над висината од просечната нето плата.

Како што е познато, оваа година К-15 треба да изнесува од 10.959 до 16.349 денари.

Слични содржини