Уште долго ќе се чека за расчистување на одронот на автопатот Миладиновци-Штип (ФОТО)

од Маја Анчевска

Одронот на автопат Миладиновци – Штип 4 месеца стои. Учесницниците во сообраќајот секојдневннно се изложени на опасности.

Во однос на тоа кога и зошто сеуште не е отстранет одронот, за „Локално“ од  Јавно претпријатие за државни патишта посочуваат деке е распишана јавна набавка за отстранување на одронот на автопатот Миладиновци-Штип.

– Отворањето на понудите е на 15.04.2022 година по што следува процес на евалуација на понудите, велат тие.

Отварањето на  новиот автопат Миладиновци – Штип, прв во источниот дел на државата, беше пуштен во употреба во 2019 гоина. Изградбата на Автопатот Миладиновци Штип започна во 2014тата година и требаше да биде готов во март 2017-тата.

Но, тогаш тој беше завршен само 50%. По потпишување на нов анекс со Синохидро – изградбата заврши во 2019, а потоа се изведуваа и дополнителни зафати од страна. Автопатот финално чинеше 177 милиони евра, или 3,8 милиони евра за километар.

М.А.

Слични содржини