Алексеј Кудрин, близок соработник на рускиот претседател Владимир Путин, стана последниот во низата високи руски функционери што поднесе оставка.
Кудрин беше шеф на комитетот за ревизија на Русија, а претходно беше министер за финансии и вицепремиер.
Како што пренесува „Гардијан“, извори сугерираат дека по напуштањето на владата тој би можел да се вработи во рускиот технолошки гигант „Јандекс“.
Во текот на целата своја кариера, Кудрин беше близок соработник на Владимир Путин, а денес стана највисокиот владин функционер кој поднесе оставка по инвазијата на Украина.
Кудрин навел дека сака да се фокусира на „големи проекти“ и додаде дека се уште не одлучил што ќе прави по оставката, пренесува „Индекс“.
Сепак, нагласи дека оставката е негова одлука: „Да, тоа беше моја иницијатива. Барам нови, интересни проекти на кои ќе им се посветам“.