Уште еден бренд на автомобили се откажува од плановите за електрификација

од Vladimir Zorba
26 прегледи

И покрај значителниот раст на продажбата, култен британски бренд ги менува плановите.

Lotus силно ја прифати електрификацијата. Покрај најмоќниот спортски автомобил, во понудата додаде и повеќе електрични производи. Сите тие се дел од амбициозниот бизнис план Vision80, претставен во 2018 година, кој предвидуваше Lotus да стане електричен за само десет години.

Според овој план, Lotus требаше да ги напушти бензинските мотори уште во 2028 година. Но, во новите пазарни услови, во кои растот на продажбата на електрични автомобили не оди со очекуваното темпо, Lotus беше принуден да ја крене „рачната“.

Компанијата сега најави т.н Super Hybrid погони, погонски системи каде што има и „продолжувач на опсегот“. Ова значително би го зголемило досегот додека ќе се одржат препознатливите перформанси. Фенг Кингфенг, првиот човек на групацијата Lotus, ја потврди оваа информација велејќи дека Lotus ќе ја развие Super Hybrid технологијата со ултра-брзо plug-in полнење, со турбо мотор со внатрешно согорување за зголемување на вкупниот опсег на 1.100 км, пишува Autocar.

Тој не кажа кои модели ќе добијат хибридни погонски агрегати, но Lotus би можел да ги надгради теренецот Eletra и седанот Emey со технологијата, како и да го додаде во претстојниот SUV што ќе му конкурира на Macan на Porsche.

„Во Lotus, секогаш сме ја избирале најдобрата достапна технологија за напојување, без разлика дали е чист бензин, чист електричен, хибриден или со продолжен опсег (EV)“, рече Фенг во интервју за Wall Street Journal (WSJ).

За потсетување, кинескиот премиум EV марка Zeekr, кој исто како и Lotus е во сопственост на Geely, неодамна објави дека ќе почне да нуди plug-in хибридни возила. Lotus испорача 8.631 возило во првите 10 месеци од оваа година, при што Европа учествува со 35% од продажбата, а Кина 25%.

Слични содржини