Уште еден брод со жито исплови од Украина, најавени се уште четири

од Stefanija Kuzmanovska
159 прегледи

Уште еден брод со жито го напушти украинското пристаниште Черноморск, соопшти денеска турското министерство за одбрана, со што вкупниот број на бродови што ги напуштија украинските пристаништа на Црното Море според договорот за извоз со посредство на ОН се искачи на 25.

Бродот „Марија“, кој плови под знамето на Белизе, превезува пченка, соопшти Анкара, додавајќи дека денеска во Украина ќе пристигнат уште четири бродови кои ќе бидат натоварени со жито, пренесе „Ројтерс“.

Турското министерство за одбрана соопшти дека уште еден брод со жито го напуштил украинското пристаниште Черноморск.

Слични содржини