УШТЕ ЕДЕН ГИГАНТ ИНВЕСТИРА ВО БАТЕРИИ: „Porsche“ ќе гради фабрика на југот на Германија

од Vladimir Zorba
277 прегледи

„Porsche“ планира да изгради фабрика за батерии во Ројтлинг, на југот на Германија, објави во петокот партнерот на германскиот производител на спортски автомобили за батерии „Celfors“. Локацијата е избрана поради поволната положба и близината на партнерите во развојот и индустриското производство на батерии, посочуваат од компанијата.

„Физичката близина до што е можно повеќе партнери во проектот е клучен услов за нашиот брз успех“, рече бизнис директорот на „Celfors Group“, Маркус Граф.

Фабриката треба да има капацитет од 100 мегават часови годишно, што, според претходните најави, треба да биде доволно за илјада автомобили, а производството треба да започне во 2024 година.

„Porsche“ има 72,7 отсто од акциите во групацијата „Celfors“, а остатокот го држи „Customomels“, компанија на Институтот Фраунхофер.

Германскиот хемиски концерн BASF, исто така, учествуваше во развојот на батериски ќелии, забележува „ДПА“.

Слични содржини