Нова драма се одвивала утрово во Хрватска кога маж со нож и секира им се заканил на полицајците, а потоа починал откако бил совладан.
Се се случило утрово околу 7 часот во Велика Трновитка, Хрватска.
Претходно во полициската станица Гарешница беше пријавено дека психички растроен маж излегол од тракторот на патот и им се заканувал на граѓаните со нож.
„На местото на настанот се испратени шест полициски службеници кои интервенирале против едно лице кое не ги почитувало вербалните наредби и им се заканувало на полициските службеници со нож и секира. За да го совладаат мажот, полициските службеници употребиле физичка сила и спреј и го врзале. При совладувањето на отпорот на мажот, повредени се двајца полицајци и една полицајка“, се вели во соопштението, пренесува Дневник.
Полициски службеници повикале итна медицинска помош на местото на настанот, а непосредно пред нивното пристигнување на човекот му се слошило. Итната помош го реанимирала, но тој починал на местото на настанот.
„Ќе се спроведе кривична истрага за утврдување на сите околности на настанот“, се вели во соопштението на СВР Бјеловар-Билогора.
Црно знаме пред домот во Дарувар: Убиецот го извршил масакрот поради конфликт со мајка му?