Уште еден играч на Сити го засили Арсенал

од Nikola Popovski

Украинскиот фудбалер Олександр Зинченко е нов играч на тимот на Арсенал, соопшти денеска лондонскиот клуб.

Зинченко доаѓа во Арсенал од редовите на актуелниот шампион на Англија, Манчестер Сити и потпиша повеќегодишен договор со клубот, во трансфер вреден 32 милиони фунти.

За Сити настапуваше од 2016 година и има вкупно 128 настапи, додека за украинската репрезентација одигра 52 натпревари.

Во текот на кариерата 25-годишниот играч кој може да игра во средниот ред и на левата бековска позиција настапуваше и за руската Уфа, а во сезоната 2016/17. помина на позајмица во ПСВ Ајндховен.

За потсетување, Зинченко е вториот играч на „Граѓаните“, по Габриел Жесус, кој се пресели кај „Тобџиите“.

Слични содржини