Уште еден Кардашијан? Откриено сè за името на синот на Клои и Тристан

од Stefanija Kuzmanovska
291 прегледи

Ријалити ѕвездата Клои Кардашијан и нејзиниот поранешен партнер Тристан Томпсон се родители на ќерката Тру и синот Тејтум.

Иако момчето, кое парот го доби преку сурогат, има речиси една година, неговото име беше објавено скоро, кога Клои во нивното реално шоу откри дека таа и Тристан го избрале името Тејтум.

Сепак, она што досега не ѝ беше познато на јавноста е дека презимето на момчето првично било Кардашијан.

Имено, бидејќи Клои и Тристан не се во брак, наследникот автоматски не го добил презимето на неговиот татко.

„Кога ќе се роди бебе, а не е избрано име, треба да се приложи нешто за државата да направи извод од матична книга на родените на бебето, па се додава презимето на мајката доколку парот не е во брак“, открил извор за ЕТ.

Самата Клои ја прифатила таа одлука и му го доделила презимето на момчето, но откако го одбрале името, го смениле и презимето, па целосното име на нивниот син е Тејтум Томпсон.

Клои исто така се сомневаше во името на момчето, со оглед на тоа што бебето имаше огромна сличност со нејзиниот брат Роб Кардашијан при раѓањето, но таа одлучи да се држи до имињата на нејзините деца кои почнуваат со буквата Т, и на крајот се одлучи за името Тејтум.

Слични содржини