298
Албанскиот министер за одбрана Нико Пелеши објави дека уште еден контингент албански војници се приклучил на мисијата КФОР на Косово.
Според него, ова јасно ја покажува решителноста на Албанија да го заштити мирот во Косово и регионот.
„Уште еден контингент се приклучува на мисијата КФОР на Косово, со што уште повеќе се зголемува придонесот на Албанија во Алијансата. Нашето учество во оваа мисија на НАТО е јасен показател за решеноста на Албанија да помогне и да го заштити мирот не само во Косово туку и во регионот“, напиша Пелеши на Фејсбук.