Уште еден објект во касарната „Илинден“ комплетно реновиран

501 прегледи

Припадниците на армиската Гарда и на Баталјонот за поддршка на Генералштабот и на гарнизонот Скопје се сместуваат во комплетно реновиран објект со висока енергетска ефикасност во касарната „Илинден“. Министерката Радмила Шекеринска денеска во 10 часот ќе го посети овој објект во најголемата армиска касарна, по што ќе даде изјава за медиумите.

Ова е втор целосно реновиран објект во оваа касарна, по објектот на армиските Ренџери, кој беше пуштен во употреба пред една недела.

Објектот е со вкупна површина од околу 3.500 метри квадратни и на него е поставена нова термичка фасада, заменети се сите прозорци и врати, користени се термопан стакла, а променета е и кровната конструкција. Во објектот поставена е нова водоводна и канализациона мрежа, а реконстриурани се и санитарните јазли и кујните. Објектот има нови подови, ѕидовите се целосно обработени, а однадвор се поставени и тротоари околу објектот.

Подобрувањето на условите за работа на припадниците на Армијата е еден од врвните приоритети на Министерството. Во касарната „Илинден“ во тек е реконструкција на трет објект, а оваа пролет ќе започне реконструкција на објектите на воената полиција. Следат се реконструкции на објекти во касарните во Штип, во Велес, во Куманово и во Тетово.

Слични содржини