Јужна Осетија наскоро ќе преземе правни чекори за приклучување кон Руската Федерација, најави денеска претседателот на Републиката Анатолиј Бибилов.
„Обединувањето со Русија е наша стратешка цел, наш пат, сон на народот. По тој пат ќе одиме. Наскоро ќе преземеме соодветни правни мерки. Јужна Осетија ќе биде дел од историската татковина – Русија“, изјави Бибилов, пренесува прес-службата на „Единствена Русија“.
Како што рече Бибилов, осетискиот народ е поделен, неговата историска и стратешка цел е „обединување во една држава“.
„Нашите луѓе ја поставија оваа цел неколку пати, имавме можност да го оствариме нашиот вековен сон во 2014 година, кога Крим се врати дома. Тогаш ја пропуштивме можноста, но не можеме да дозволиме тоа да се повтори“, рече тој.
Москва ја призна независноста на Јужна Осетија и регионот на Абхазија по војната со Грузија во 2008 година. Им пружи голема финансиска помош, им понуди руско државјанство на нивното население и таму смести илјадници војници.
Фото: Shutterstock