Уште еден руски генерал, генерал-полковник Јаков Резанцев, е убиен во напад во близина на јужниот украински град Керсон, соопшти украинското Министерство за одбрана.
Резанчев бил командант на руската 49-та комбинирана бригада, јавува Би-Би-Си.
Западен функционер вели дека тој е седмиот генерал кој загинал во Украина, а вториот генерал-полковник – офицер од највисок чин, за кој се смета дека е убиен на фронтот.
Се верува дека недостатокот на мотивација меѓу руските војници принудил повеќе офицери да се борат на првите борбени линии, пренесува Би-Би-Си.
Украинските медиуми јавуваат дека генералот бил убиен во воздухопловната база во Чернобил, која Русија ја користи како командно место и која неколку пати била нападната од украинската армија.
https://twitter.com/shashj/status/1507715169685803010?ref_src=twsrc%5Egoogle%7Ctwcamp%5Eserp%7Ctwgr%5Etweet