Актерот Брајан Кокс (73) тврди дека принцезата Маргарет го допирала кога имал 23 години, пишува Mirror. Сестрата на кралицата Елизабета Втора го запознала актерот кога тој бил на почеток на кариерата.
– Бев на кралскиот двор. Брв дел од претставата со Ален Батес и беше мојот 23. роденден. Режисерот Линдсеј Андерсон ми подари црвена маица. Само што ја измив косата и отидов да се запознаам со неа – реко Брајан, а тогаш се случил шокантен настан.
– Ги стави прстите на мојата маица и рече: Ова е навистина убава маица“. Потоа полека започна со прстите да оди кон внатрешноста на мојата маица. Реков: „Ух“. Не знаев што треба да правам кога те допира некој од кралското семејство. Беше многу смешно. Џејмс Болам виде што се случува – раскажал Брајан.
Брајан објасил дека повеќе од тоа меѓу нив не се случило.
– Само зборуваше дека сум бил прекрасен на сцената. Сакаше да знае повеќе за мене… Беше извонредно суштество. И се извинив и ѝ заблагодарив. Така заврши – рекол Брајан.
Тој се осврнал и на скандалот со принцот Ендрју, нарекувајќи го идиот.