Уште еден сосед на Русија размислува за влез во НАТО

од Nikola Popovski
295 прегледи

Финска би можела да влезе во НАТО, изјави премиерката на оваа скандинавска земја Сана Марин.

„Имаме можност да аплицираме за членство во НАТО и сметаме дека е реална. Ја цениме и слободата на избор да носиме сопствени одлуки во областа на безбедноста“, рече Марин, цитирана од финската телевизија Yle.

Таа додаде дека Финска ја зајакнува воената соработка со ЕУ.

Како што се наведува, моментално се проценува состојбата во регионот, по што ќе се донесе одлука за поднесување барање за приклучување кон горенаведениот воен блок.

Претходно, претседателот на Финска, Саули Нинисте изјави дека барањата на Русија кои се испратени до САД и НАТО се во спротивност со европската безбедносна наредба.