Уште една држава испраќа помош: Моќно оружје пристигнува во Украина (ФОТО)

од Stefanija Kuzmanovska
199 прегледи

Австралија ги испрати првите четири оклопни возила M113AS4 во Украина, а ќе испрати уште 10.

Според британски „Гардијан“, воената помош што Австралија на крајот ќе ѝ ја испрати на Украина ќе изнесува 285 милиони долари.

Оклопни возила беа натоварени во украински товарен авион минатата недела, откако поранешниот австралиски министер за одбрана Питер Датон вети дека земјата ќе ѝ испорача 20 оклопни возила Bushmaster на Украина.

– Ќе продолжиме да бараме начини да му помогнеме на народот на Украина. Австралија ја поддржува Украина и уште еднаш ја повикува Русија да ја запре нелегалната инвазија на Украина, изјави министерот за одбрана на Австралија, Ричард Марлс.

Украина ѝ се заблагодари на Австралија за помошта.

– Украина нема да го заборави ова. Уште една пратка австралиски оклопни возила патува за Украина. Воздушниот мост кој покрива половина од светот ги обединува нашите народи во овие тешки моменти за Украина, напиша Министерството за одбрана на Украина на социјалната мрежа Твитер.

Слични содржини