Британските таблоиди и јавноста се повеќе се сомневаат во она што Меган Маркл ѝ го кажа на Опра Винфри во интервјуто за кое не престана да се зборува од минатиот викенд.
За многумина, најсомнителното тврдење на поранешната актерка е дека таа и принцот се венчале сами во својата градина три дена пред кралската венчавка, и дека ги венчал надбискупот од Кантербери, Џастин Велби, бидејќи тие сакале церемонијата само за себе . Тврдењето на Меган било сомнително и за Марк Едвардс, заменик на бискупот, кој ја контактирал канцеларијата на надбискупот и побарал објаснување.
Едвардс го сторил тоа затоа што за време на карантинот имал илјадници барања за приватни церемонии кои морал да ги одбие бидејќи црквата не дозволувала такви венчавки.
Свештеникот Едвардс рече дека едно лице од канцеларијата на надбискупот со кое разговарал во тоа време, кажало:
„Џастин имал приватен разговор со двојката во градината за венчавката, но ве уверувам дека немало венчавка до настанот на националната телевизија.
Многу свештеници во Англија се сомневаа во зборовите на Меган затоа што во правилата за венчавки на Англиската црква потребни се најмалку двајца сведоци, а јавноста мора да има неограничен пристап до церемонијата за да може да поднесува приговори.
Понатаму, ниту еден пар не може да се венча двапати во црква, освен ако првиот брак не бил валиден.