УШТЕ ЕДНА НЕСРЕЌА ВО ЗАБАВЕН ПАРК: Шест малолетници се повредени при пад на дел од структурата на рингишпил

од Илинка Илиоска
721 прегледи

Шест малолетници се повредени во Љубушки, Херцеговина, при пад на дел од конструкцијата на рингишпил.

Во моментот на падот на рингишпилот имало неколку лица, претежно деца кои со возило на Брза помош биле пренесени во Здравствениот дом во Љубушки.

„Во несреќата се повредени шест малолетници, а за се е известен и дежурниот обвинител“, изјави за Херцеговина инфо Мила Чавар, портпарол  на полицијата на Западна Херцеговина.

Неколку повредени се пренесени во Ургентниот центар на Универзитетската клиничка болница во Мостар.

Се уште нема официјални информации за причините за несреќата, а истрагата е во тек.

Неодамна се случи тешка несреќа во која исто така се урна рингишпил во населбата Пантиќи во Куршумлија, соседна Србија.  Тогаш беа повредени 13 деца, од кои едно девојче на возраст од 13 години беше со најтешки повреди.

 

Слични содржини