Во Русија е забележана нова сомнителна смрт. Полковникот Роман Малик, задолжен за регрутирање и испраќање регрути во Украина, беше пронајден обесен на ограда минатиот викенд.
Иако првично беше наведено дека срцевите проблеми се причина за смртта, полицијата не ја исклучи можноста за убиство или самоубиство, пишува британски „Тајмс“.
Откако рускиот претседател Владимир Путин нареди инвазија на Украина, беа забележани серија сомнителни смртни случаи на богати Руси.
Така првиот човек на Путин за развој на арктичките ресурси на Русија, Иван Печорин, наводно паднал во морето додека пловел по брегот на Пацификот на земјата. Тој беше генерален директор на корпорацијата на Путин за развој на Далечниот Исток и Арктикот.
Сомнителна смрт на богати Руси
Да потсетиме дека имаше и други случаи на сомнителни смртни случаи.
Поранешниот вработен во Московскиот воздухопловен институт, Анатолиј Герашченко, наводно се лизнал и паднал по скалите во зградата на институтот и починал од повредите.
Главниот уредник на рускиот државен медиум „Правда“, Владимир Николаевич Сунгоркин наводно починал од срцев удар, а „Дејли Мејл“ пишува дека Сунгоркин имал знаци на задушување.
Шефот на управата на „Лукоил“ наводно паднал од прозорец
Претседателот на одборот на директори на рускиот производител на нафта „Лукоил“ Равил Маганов почина на почетокот на септември при наводен пад од прозорецот на болницата во Москва. Маганов работел во нафтена компанија од 1993 година, а неговиот брат е шеф на друг руски производител на нафта, „Татнефт“.
Рускиот милионер Јуриј Воронов, кој е поврзан со „Гаспром“, беше пронајден мртов на почетокот на јули во базенот на неговата вила во луксузно предградие на Санкт Петербург. Неговото тело било пронајдено како лебди во базенот со рана од куршум во главата, додека чаури биле пронајдени на дното од базенот.