259
Вчера во ОВР Гостивар било пријавено дека четиримесечно бебе од Гостивар е донесено починато во Медицинскиот центар во Гостивар со Брза помош, соопшти СВР Тетово. Случајот е пријавен на дежурен јавен обвинител од ОЈО Гостивар, а други официјални детали за инцидентот засега нема.
Но, според неофицијални информации, бебето било предвреме родено и откако било пуштено дома било на контроли кај матичен лекар кој потврдил дека е во добра здравствена состојба. Причините за смртта ќе се утврдат со обдукција. Ќе се испитува и целиот третман од раѓањето до смртниот исход.