263
Алжир го забрани филмот „Барби“, кој веќе се прикажувал во некои кина во земјата неколку недели, соопштија од локалниот медиум „24H Algerie“.
Официјален извор за телевизијата информирал дека филмот „промовира хомосексуалност и други западни отстапувања“ и „не е во согласност со верските и културните верувања на Алжир“.
Алжирското Министерство за култура ја следи содржината на филмовите што се прикажуваат во кината и може да го прекине нивното прикажување.
Главните улоги ги толкуваат Маргот Роби и Рајан Гослинг како Барби и Кен. Филмот веќе надмина 1 милијарда долари заработка од продажба на билети ширум светот од неговата премиера на 21 јули.
Претходно и Либан и Кувајт го забранија филмот.