240
Парламентот на Естонија (Риигикогу) ја прогласи Руската Федерација за терористичка држава.
„Поддржувајќи го повикот на украинскиот парламент и меѓународните организации, естонскиот парламент го прогласува рускиот режим за терористички режим, чии постапки мора заеднички да се отфрлат, а Руската Федерација ја прогласува за спонзор на тероризмот“, се вели во соопштението на Риигикогу.
Во соопштението естонскиот парламент ги повика сите членови на меѓународната заедница да донесат слични одлуки.
Така, по Литванија и Латвија, Естонија стана третата балтичка земја чиј парламент ја прогласи Русија за терористичка држава.