Уште едно повлекување за BMW X7

од Vladimir Zorba
289 прегледи

Редизајнираниот BMW X7 предизвика поделени мислења поради новиот изглед, а не му помагаат ниту повлекувањата.

Досега некои ситни повлекувања се поврзуваа со BMW X7, а слични вести ни доаѓаат овој месец. Во најновиот случај на моделот X7, друштво му прави и помал Х5, а причина за проблемот е предното ветробранско стакло. Поради несоодветно прицврстување, можна е појава на истекување, односно навлегување на влага.

Сепак, најголемиот проблем е што навлегувањето на влага не само што ќе предизвика непријатни мириси и замаглени прозорци, туку може да предизвика и пожар. Како што BMW откри уште во септември при проверката на квалитетот, поради истекувањето, можно е да навлезе влага во единицата ECU, што може да предизвика краток спој, појава на искра, па дури и пожар. Шансите се мали, но BMW сепак се одлучи на повлекување.

Виновникот е пронајден. Станува збор за робот кој не го извел доволно добро процесот на монтирање на ветробранското стакло на автомобилот. Сега е репрограмиран и проблемот е решен.

Бројот на повлечени возила е исклучително мал: вкупно само 47 возила.