345
Турција стави под контрола 107 од вкупно 112 шумски пожари што беснеат низ целата земја, изјави денеска министерот за шумарство и земјоделство Бекир Пакдемирли.
Тој наведе дека уште два пожари се активни во Анталија и три во градот Мугла, пренесува Анадолија.
„Ставивме под контрола 107 од 112 шумски пожари што избија помеѓу 28 јули и 1 август. Напорите за гаснење на петте пожари продолжуваат со голема посветеност“, напиша Пакдемирли на Твитер.
Во пожарите досега загинаа шест лица.
Вчера претседателот Реџеп Таип Ердоган ги посети областите погодени од пожарот и им вети на загрозените граѓани дека државата ќе им ја надомести штетата.