Поради говор на омраза и дискриминација, Фејсбук ја избриша објавата на пицеријата „Лок Даун“ од хрватскиот град Самобор која распишала оглас за ангажирање работници под услов да не се од Бангладеш, Пакистан и како што наведоа „четници од Ниш“.
„Очигледно, нормалните работници заминаа во Ирска, а на нашиот оглас се јавуваат Пакистанци, Бангладешци и четници од Ниш“, се наведува меѓу другото во објавата што ја избриша Фејсбук, јавува Танјуг.
Во новиот оглас се наведува дека пицеријата не отстапува од своите ставови и дека најверојатно ќе бидат принудени да го намалат работното време.
Ваквата објава на пицеријата во Самобор предизвика лавина коментари на социјалните мрежи и хрватските медиуми, а загрепскиот портал „24сата“ пишува дека полицијата добила пријава против оваа пицерија.
Откако ја критикуваше пицеријата во коментарите, администраторот на нивната Фејсбук страница упати своевиден повик против човек кој јавно ја критикуваше оваа дискриминаторска објава.
Во најновата објава, пријателите се поканети да „пофалат“ личност која ја критикува пицеријата, а како што велат, 10 од оние кои најинвентивно ќе го навредат нивниот критичар ќе добијат бесплатни пици.