Усмртил две жени и за тоа платил казна од 175 долари: Мрачно минато на сопругот на Сара Џесика Паркер

од Stefanija Kuzmanovska
144 прегледи

Познатата холивудска ѕвезда Сара Џесика Паркер е во брак со актерот Метју Бродерик веќе 26 години.

Актерката која светската слава ја стекна по емитувањето на серијата „Сексот и градот“, каде го толкуваше ликот на Кери Бредшо, ужива во хармоничен брак со својот сопруг. Меѓутоа, сопругот на холивудската ѕвезда крие мрачна тајна во своето минато бидејќи бил виновен за трагедијата во која животот го загубиле две лица.

Имено, во 1987 година, за време на одмор во Ирска, Метју Бродерик ненадејно преминал на спротивната лента на патот и предизвикал судир во кој загинале патниците од другото возило – Маргарет Доерти, која тогаш имала 63 години и нејзината ќерка Ен Галагер која имала 28 години.

Во оваа сообраќајна несреќа Бродерик ја скршил ногата, имал скршено ребро и потрес на мозокот. Метју ја предизвикал несреќата со изнајмен автомобил, како што пишувале тогаш медиумите.

По големата несреќа во која животот го загубија две лица, актерот тврдеше дека страда од делумна амнезија и дека не се сеќава на судирот, како и бројни околности на несреќата.

„Единственото нешто на што се сеќавам е дека се разбудив во болница и имав чудно чувство во ногата“, изјавил актерот за полицијата која тогаш го истражуваше случајот.

После тоа, тој ја призна вината. Наместо пет години затвор, тој беше обвинет само за невнимателно возење и парична казна од 175 долари.

Сара Џесика Паркер и Метју Бродерик се венчаа во мај 1997 година.

Од 2009 година, семејството Паркер-Бродерик живее во Њујорк и поминуваат многу време на селскиот имот во Ирска каде Метју летувал како дете. Метју и Сара важат за еден од најхармоничните парови во Холивуд.

Слични содржини