Кампањата за вакцинација во Израел веќе се покажува како успешна. Друг доказ дека пандемијата во Израел е при крај е болницата Ихилов во Тел Авив, која го затвори ковид-одделот. Израелските власти започнаа да ги укинуваат ограничувањата на 7 март, а откако се отворија кафулињата, беа одобрени вечерните излегувања за младите, како и враќање во интернатите каде беа вакцинирани 90 проценти од учениците.
Болницата Ихилов во Тел Авив во понеделникот објави дека го затворила последниот активен оддел за третман на пациенти со коронавирус, откако паднал бројот на заразени лица во Израел.
Klinik in Tel Aviv schließt letzte Corona-Station @BILD https://t.co/qmPOwpBmKJ
— Kieffer Jean-Marie (@menkieffer) March 15, 2021
Последните пациенти со корона кои биле хоспитализирани во болницата Ихилов, главниот болнички комплекс што му служи на Тел Авив и неговата урбана област, се опоравуваат.
„Околу 600 пациенти во моментов се заразени со коронавирус. Минатата година во ова време, имавме стотици пациенти, утрово имавме само десетина. Се враќаме да им служиме на нормалните пациенти, кои немаат коронавирус“, рекол лекар од болницата Ихилов.
Кампањата за вакцинација во Израел е најдобра во светот, а 60% од популацијата беше имунизирана, што овозможи враќање на животот во нормалата пред пандемијата. Поголемиот дел од постарата израелска популација веќе е вакцинирана, а милиони луѓе веќе се под заштита на првата доза на вакцината. Новите инфекции се намалени на три проценти од тестираните, болниците се празнат, а претпазливите епидемиолози се оптимисти.
Властите исто така ги отворија аеродромите и одобрија летовите од која било дестинација кон Израел, но со ограничен број на летови и усогласеност со мерките за физичка далечина.
Светските медиуми се повеќе ја пренесуваат атмосферата од улиците на израелските градови, преполни со луѓе, а сликите од Израел даваат надеж дека животот во остатокот од светот наскоро ќе започне да се нормализира.