Прототип на ракета на компанијата Спејс Екс на американскиот милијардер Елон Маск – „Старшип“, успеа да слета успешно, по четири неуспешни обиди.
„Старшип“ полета од локацијата на компанијата во Бока Чика на југот на американската сојузна држава Тексас и достигна планирана максимална висина од 10 километри, по што лебдеше за момент, а потоа се упати назад надолу кон Земјата.
По враќањето во вертикалната положба, леталото слета мирно.
Видеото од спуштањето покажува како пламенот продолжува да гори дури и по исклучувањето на моторот, но системот за автоматско спречување на пожар испушти млаз вода и го изгасна.
Веста за успешното слетување Маск ја објави на Твитер, користејќи го јазикот специфичен за летовите во вселената: „Слетување на „Старшип“ номинално!“ Овој успех е клучна пресвртница за приватната компанија на Маска во развојот на вселенско летало што може да се користи повеќе пати, способно да носи големи количини товар и астронаути на Месечината и Марс.
Ова беше петто лансирање на целосно завршен модел авион на надморска височина од 10 километри од декември 2020 година, а при претходните обиди, авионот експлодираше при слетувањето или веднаш по слетувањето.