Успешно засадена „Сончева гора 2024“

од Milan1
34 прегледи

Трета година по ред Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство заедно со Национални шуми посветуваат по едно дрво за секои 10 килограми собран отпад за време на „ГЕНЕРАЛКА ВИКЕНД“. Денеска се пошумени последните 3.500 садници од вкупните 51 хектари (црн бор, бел бор и Аризона Чемпрес), засадени од страна на Национални шуми. Ова пошумување е именувано „СОНЧЕВА ГОРА“.

– Оваа година во буџетот на Министерството се издвоени околу 20 милиони денари за пошумување. Но, програмата што ја опфаќа Министерството не е само пошумувањето, туку и чистење на површините од пожарите од оваа година, мељорација, заштита односно третирањето, преглед на садниците што се произведуваат, истакна државниот советник во Министерство за земјоделство, шумарство и водостопанство, Даниела Иротова Лазарева

Додека директорот на ЈП Национални шуми, Здравко Трајанов, рече дека „пошумувањето значи влог во иднината, влог во екологијата. Како Јавно претпријатие задолжено за шумите една од заложбите е пошумување на голините на стручен начин и да имаме поголема успешност на растењето на дрвјата. Им благодарам на сите волонтери денес што придонесоа денеска во пошумувањето на последните неколку илјади садници на бел бор, црн бор и аризонски чемпрес од вкупно 51 хектар што веќе ги пошумивме според програмата за проширено пошумување “

На денешната акција за пошумување „СОНЧЕВА ГОРА“ учествуваа над сто и педесет волонтери.Во рамките на проектот за само четири години се засадени повеќе од 125.000 дрвја и собрани 915.000 килограми отпад, а досега учествувале над 44.000 пријавени волонтери, од кои повеќе од 10.000 ученици и студенти.

Слични содржини