Турскиот борбен авион КААН од петтата генерација успешно го заврши својот прв лет, соопшти државната телевизија ТРТ Хабер.
Турската воздухопловна индустрија (ТАИ) го планираше првиот лет на авионот за крајот на декември оваа година, но тој беше одложен поради потребата од поопсежна подготовка на тестовите.
Борбениот авион КААН, еден од најважните проекти во областа на одбраната на Турција, полета од воздухопловната база „Муртед“ во близина на Анкара и се врати во базата по краткиот пробен лет кој беше успешен.
„КААН полета, веќе е на небото“, изјави извршниот директор на турската авиокомпанија „Туркиш ерлајнс“, Билал Екши, цитиран од ТРТ.
Новиот турски борбен авион може да достигне максимална брзина од 1,8 мах (2.222 км/ч) и е развиен од ТАИ, за да ја замени застарената флота на авионите Ф-16 на турската армија.
Неговото сериско производство се планира да почне во 2028 година.