Китот кој се насука на бреговите на Темза во предградијата на Лондон беше успиен откако неговата состојба се влошила, а експертите проценија дека не може да преживее, соопштија спасувачите.
Британските спасувачи вчера ослободија мал кит на задоволство на стотици набљудувачи кои се собраа да го следат спасувањето. Но, китот успеа да избега од нив и се упати кон горниот тек, наместо да излезе на отворено.
„Состојбата на китот се влоши во 45 минути додека бевме со него“, изјави вчера британскиот координатор за спасување.
Како што изјавила, животното не дишело добро и не можело да преживее долго време и додаде дека ветеринарите од зоолошката градина во Лондон го успале китот, кој изгледа дека се одвоил од неговата мајка.