374
Сите штедачи да имаат еднаков третман пред законот. Уставен суд го укина законското решение според кое целосно обештетување во случај на стечај на банка добиваат само штедачите чии влогови се осигурани во Фондот за осигурување депозити односно имаат депозити до 30.000 евра.
„Уставниот суд на Република Северна Македонија, по одржаната XIV-та седница, ја известува јавноста дека расправајќи по точките од дневниот ред одлучи да го укине член 163 став 3 од Законот за банките “, соопшти кусо Уставниот суд