Уставен суд: Прекината постапката за вработување во јавниот сектор ако огласот наведе припадност на заедница

од Илинка Илиоска
86 прегледи

Уставниот суд на Република Северна Македонија објави нови насоки во врска со вработувањето во институциите од јавниот сектор. Според решението, „веќе започнатата постапка за вработување во институциите од јавниот сектор се прекинува, ако јавниот оглас за вработување во институција од јавниот сектор е изготвен согласно актите, односно одредбите кои се опфатени во точка 1 од решението на Уставниот суд“.

Ова значи дека ако огласот за вработување „неопходно наведува припадност на заедница“, постапката ќе биде прекината до донесувањето на конечната одлука од судот.

Доколку, пак, огласот не вклучува таков услов и не обврзува кандидати да ја истакнат својата припадност на заедница, постапката за вработување ќе продолжи. Во овој контекст, Уставниот суд нагласи дека во Регистарот на вработени во јавниот сектор не се евидентираат податоците за вработените во институциите.

Овие насоки, како што е наведено во соопштението, имаат за цел да обезбедат правичен и транспарентен процес на вработување во јавниот сектор, како и да се осигура дека вработувањето не се врши на основа на дискриминација. Министерството за јавна администрација ќе го следи спроведувањето на овие насоки.

Слични содржини