Уставни измени: „Бришење на формулацијата 20% нема да доведе до поголема и поширика употреба на албанскиот јазик“

од Mimi Spasovska
244 прегледи

„Ова не е некое прашање кое предизвикува револт кај другите во државата, а многумина Албанци не го сметат за приоритет ако тоа би претставувалo пречка Бугарите да се внесат во Уставот”, вели аналитичарот Мерсла Биљали за „Локално“ коментирајќи го барањето на дел од албанските парламентарни партии во Уставот да биде избришана формулацијата „20 проценти“ и да биде заменета со албански народ, албански јазик.

Мерсел Биљали

Мерсел Биљали

„Бројни Албанци мислат дека, ако ваквиот став би бил пречка за да смени сега Уставот, тогаш треба да се почекат други времиња. Луѓето сега бараат економски развој, оти се помалку луѓе остануваат тука за да го зборуваат својот јазик. Некако сите ние со време се едуцираме, се навикнуваме и крајниот резултат е производот – здраво и толерантно општество што е многу важно за опстанокот на државата како ваква. Кога ќе се елиминираат сите точки кои произведувааттензии во едно пштество, таа сосема ќе исчезне и државата ќе се зацврсти, луѓето ќе станат потолерантни. Тоа е докажано кај сите други држави кои пред нас ги поминале ваквите проблеми”, изјави Биљали за „Локално“.

До неговата изјава доаѓа откако во измнатов период се зголеми бројот на албанските парламентарни партии кои бараат во Уставот да биде избришана формулацијата „20 проценти“ и да биде заменета со албански народ, албански јазик. Ова барања пак Алијанска на Албанците, за која деновиве се зборува дека преговара за влез во владата, го постави како услов за да гласаат за уставните измени за влез на Бугарите во преамбулата.

Меѓу првите кои го изнесоа барањето на албанските партии, доколку се отвора Уставот за внесување на Бугарите во Преамбулата, да биде и променета формулацијата „јазикот што го зборуваат 20 проценти од населението“ беа Беса и Алијанса за Албанците. Од Алијанса за Албанците кажаа дека ова барање не е поврзано со дневната политика, туку, според нив, тоа е навредлива дефиниција на албанскиот јазик.

Во изминатиот период и првиот човек на ДПА, Мендух Тачи имаше разговори со лидерот на ДУИ за ова прашање. И двете партии се дел од владејачкото мнозинство во парламентот. ДУИ кажа дека сега не е момент за овие промени и дека таква промена, според нив, треба да се случи во нормален политички процес.

Аналитичарот Алберт Муслиу за „Локално“ вели дека партиите кои бараат бришење на формулацијата 20 проценти треба да бидат попрецизни што треба да се смени, но прашува и зошто тие не покренале ваква инииницијатива во поселедните 20 години.

Алберт Муслиу

Алберт Муслиу

„Прво ова прашање, на пример, ние како аналитичари сме го поставувале пред да се потегне прашањето за Бугарите. Второ,  не го дефинирaат барањето, кој дел од Уставот сакаат да го сменат, дали во преамбулата, дали во уставните амандмани или одделни членови од Уставот…зашто има голема разлика, тоа не е сеедно“, вели Мусли.

Аналитичарот Исмет Рамадани вели дека правото за користење на албанскиот јазик е дефинирано со закон за употреба на јазиците , дополнувајќи дека со  бришење на формулацијата 20 проценти нема да има поголема и поширика употреба на албанскиот јазик , но оти  тоа е нешто што според него сепак  не оди во корист во однос на почитување на албанскиот јазик зашто е нормиран како процент.

Исмет Рамадани

Исмет Рамадани

„Но сепак ако е многу побитно и многу позначајно измената во Уставот дa биде за Бугарите во преамбулатa нa Уставот, зашто ни е услов од ЕУ, мислам дека алабнските партии треба да направат баланс и мислам дека албанските политички субјекти с е флексибилни и толерантни и зависи како ќе се договорат меѓу партиски и во однос на владините коалициски партии тоа ќе се надмине“, изјави Рамадани за „Локално“.

Формулацијата „20 проценти“ во Уставот беше додадена по потпишувањето на Рамковниот договор за ставање крај на конфликтот во 2001 година, со што беше прифаено дека низ цела Македонија и во нејзините меѓународни односи службен јазик е македонскиот, но и било кој друг јазик кој го зборуваат најмалку 20 проценти од населението.

На прашање дали смета дека  треба  да биде избришана формулацијата „20 проценти“ и да биде заменета со албански народ, албански јазик, Муслиу  вели дека „Aлбанскиот јазик е во Устaвот и Законот за албански јазик произлегува од Уставот“.

„Во уставот албанскиот јазик се дефинира како јазик кој го зборуваат повеќе од 20 проценти од населените во земјата, но има и други устaвни категории кои го уредуваат правото кое произлегува од таа категорија. Но, не можам да коментирам за барањето за измени во Уставот зашто тие не се произнесуваат што сакаат да сменат во устaвот. Треба да кажат, на пример сакаме да ја смениме преамбулата или сакаме да смениме одреден член од Уставот. И треба да се изјаснат зашто не потегнале вакви иницијативи порано. Уставот се смени во 2002 година во однос на албанскиот јазик”, коментира Муслиу.

Ставот на владејачката СДСМ во врска со барањето на албанските партии е дека формулацијата „20 проценти“ не ги засега само Албанците во земјава.

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Мицкоски за барањето за отстранување на формулацијата „20 проценти“ рече дека е подготвен да разговара, но истакна дека во тој случај треба да разговараат и за нормата „Бадентер“ и „Балансер“.

До овие барања со кои  излегоа дел од  партиите  доаѓа во време кога  Владата се обидува да добиде подршка од 81 пратеник за дво-третинскио мнозинство кое е потребно за најавените Уставни измени за внесување на Бугарите во ЕУ.

Внесувањето на Бугарите во македонскиот Устав е услов за продолжување на преговорите со ЕУ по поглавја.

М.С.М.

Слични содржини