Уставниот суд, ќе одлучува за иницијативата на оштетените штедачи во Еуростандард

од Берта Китинска
387 прегледи

Уставниот суд денеска повторно ќе расправа за иницијативата за оценка за уставноста и законитоста на член 163 став 3 од Законот за банки.

Во образложението на иницијативата, Здружението, наведува дека со член 163 став 3 од Законот за банки, Фондот за осигурување на депозити е утврден како доверител со приоритетно право за наплата во однос на сите други доверители во случај на стечај на банка, меѓутоа одредбата со која Фондот за осигурување на депозити има приоритет при наплата на побарувањата од стечајната маса, е очигледно неуставна и затоа, сметаат дека Уставниот Суд треба да ја укине како таква и да ја стави вон сила.

 

Слични содржини