Усвоен здравствениот протокол за спроведување на пописот

од Nikola Popovski
193 прегледи

На предлог на Комисијата за заразни болести, Владата денеска го усвои Протоколот за превентивни мерки при спроведување на Пописот на населението, домаќинствата и становите 2021 година.

Со него се предвидуваат мерки во сите три фази на пописот, односно во фазата на тестирање, фазата на обука и во фазата на спроведување на пописот на терен со посебен Протокол за попишување на лицата кои во периодот на спроведување на пописот се позитивни на КОВИД-19.

Првата фаза од пописот веќе започна да се одвива, односо први се попишуваат дијаспората и пратениците. Пописот на територијата на Република Македонија започнува од 1-ви април и ќе трае до 21-ви април.

Слични содржини