Усвоена е Програмата за капитални субвенции во руралните средини

од Nikola Popovski
215 прегледи

На денешната седница Владата ја донесе Програмата за капитални субвенции за развој на плански региони во областа на земјоделството и руралниот развој за 2022 година со која ќе се подобри руралната инфраструктура и пристапот до земјоделските површини.

Корисници на средствата на оваа програма се центрите за развој на планските региони на територијата на Република Северна Македонија, регистрирани согласно Законот за рамномерен регионален развој.

Избраните проекти е предвидено да се реализираат во рок од дванаесет месеци од денот на потпишување на договорот за финансирање. Корисниците ќе поднесат финансиски и наративен извештај најдоцна 15 дена по крајниот рок за имплементација.